Му даде гол на Атлетико, па дома си дојде со крвав дрес (Фото)

Уругваецот Федерико Валверде е еден од најкомплетните фудбалери на светот, може да игра на повеќе позиции, познат е и по својата борбеност, а тоа носи и последици.

По синоќешното градско дерби со Атлетико, на кое постигна гол за 2-0, Феде дома си дојде со крвав дрес. Неговата сопруга Мина објави фотографија и коментираше дека Валверде како да доаѓа од војна.

Славниот Сантијаго Бернабеу, по кого е наречен и стадионот на Реал Мадрид, своевремено има изјавено: „Дресот на Реал Мадрид е бел. Некогаш може да биде извалкан од пот, кал, па и крв, но никогаш од срам“.

 

- Оглас -

Најнови вести