Дефанзивецот на Челзи, Фикајо Томори, е едно од откритијата на тренерот Френк Лампард. Канаѓанецот постојано е во составот, а има само 21 година и заедно со Абрахам и Маунт претставуваат светла иднина на лондонските Сини.
Во ситуација кога Челзи не може да купува играчи поради забраната од ФИФА, Томори им е засилување кое го најдоа во сопствените редови. За овој играч, првпат се слушна кога на тренинг му го скрши носот на Диего Коста, еден од најомразените фудбалери на светот.
Бразилскиот Шпанец сега е во Атлетико Мадрид, а инцидентот со Томори беше кога Диего го носеше дресот на Челзи.
„Беше несреќен случај. Уште бев во средно училиште и не знаев дека има скршеница, дознав утредента од медиумите. Добив многу пораки со честитки, ме прашуваа дали намерно сум го сторил тоа. Станав популарен на училиште. Диего не ми се налути. Тоа беше воздушен дуел и со главата го закачив по носот“, се присетува Томори, кој за првпат доби повик во репрезентацијата на Англија.