Му ја искршија колата на дочекот, ама тој беше среќен (Видео)

Аталанта очекувано славеше на гости кај Бреша и тоа убедливо со 3:0, па тимот од Бергамо стигна до 25 бодови по 14 одиграни меча. По враќањето од гостувањето, играчот на Аталанта, Мартен де Рун доби неверојатен пречек.

Фанови на Аталанта го опколија автомобилот на Мартен и почнаа силно да го лулаат, а фудбалерот сето тоа го снимаше на камера.

„Вакво добродојде значи дека ќе ми треба нов автомобил. Сепак вредеше, победивме во дербито“, напиша Де Рун, кој беше стартер на мечот и одигра 51 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести