Му поништија три гола, но се заинаети, па постигна и регуларен гол (Видео)

Специја и Сасуоло одиграа интересен меч од италијанската Серија А, а ВАР системот е виновен што на средбата не паднаа 8, туку „само“ пет гола. Гостите победија со 4-1, а историја за Специја испиша Бугаринот Андреј Галабинов, кој ќе остане запишан како прв стрелец на гол за клубот Специја во Серија А.

Сепак, тој гол не беше доволен да се спречи убедливиот пораз. Сасуоло даде четири гола, а со ВАР системот им беа поништени уште три, и сите на Франческо Капуто. Капуто на крај даде гол, но можеше да има најмалку хет-трик.

Најубавиот погодок на средбата беше оној на Србинот Филип Ѓуричиќ, кој атрактивно се ослободи од противникот (му ја протна топката низ нозе) и погоди од косо за 1-0 во 12-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести