Му предвидуваа дека ќе ја освои Златната топка и играше за Реал Мадрид, но повеќе од фудбалот ги сакаше жените, цигарите и алкохолот

Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез по Светското првенство 2014 година имаше сè, Реал Мадрид го купи за 75 милиони евра и сите го гледаа како иден освојувач на Златната топка, но славата и играњето за најславниот и најголемиот фудбалски тим на светот претставуваа преголем притисок за фудбалерот чија кариера тргна во надолна линија.

Родригез денеска има 31 година и иако е во најдобрите години, далеку е од славните фудбалски денови, а пред успесите во кариерата ги стави жените, цигарите и алкохолот.

Во Реал Мадрид не се најде и не успеа да обезбеди место во првиот тим иако во 2014 година на „Сантијаго Бернабеу“ година пристигна со епитетот на најдобар стрелец на Мундијалот во Бразил.

Затоа во 2017 година се обиде да ја оживее кариерата во Баерн Минхен, но веднаш им зададе главоболки на челниците на германскиот тим. Родригез веднаш по пристигнувањето во Баерн, новите соиграчи ги однесе во ноќен клуб во Мајами, каде што екипата се подготвуваше за новата сезона.

Неколку пати беше фатен на јахта во друштво со убави девојки и со цигара во рака. Иако беше оженет со сестрата на Давид Оспина, колегата од колумбуската репрезентација, тој го растури бракот поради врската со порно ѕвездата Кендра Луст.

Италијанецот Карло Анчелоти, кој го донесе во Реал Мадрид, потоа се обиде да му ја оживее кариерата во Евертон, но не успеа. На крајот Родригез беше избркан од страна на наследникот на Анчелоти на клупата на англискиот тим, Рафа Бенитес, и замина во Катар, каде што исто така не се задржа долго.

На крајот од летниот преоден рок пристигна во Олимпијакос, но веднаш се најде на удар на навивачите кои му замеруваат дека тој повеќе не мисли на фудбалот туку на ноќниот живот и на жените.

Хамес Родригез дури влезе во расправија со колумбиските навивачи, кои повеќе не можат да го поднесат поранешниот херој. Родригез на настапите за колумбиската репрезентација често гестикулира кон трибините и влегува во непотребни расправии со навивачите, што е уште еден доказ дека неговата кариера оди во надолна линија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести