Фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе утре за првпат во кариерата ќе заигра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано и тоа нема да биде обичен меч за Французинот.
Мбапе како дете навивал за Милан, сонувал дека еден ден ќе заигра за Росонерите, има и фотографии од пред 15 години на коишто тој е облечен во дрес на Милан со бројот 70 на грбот и презимето Робињо од времето кога Бразилецот настапуваше за славниот италијански клуб.
Утре се очекува пеколен пречек за голманот Џиџи Донарума, кој фановите на Милан го сметаат за предавник и не му простуваат што си замина од клубот за поголема плата во ПСЖ. Мбапе ќе може да ужива во играњето против тимот за којшто навивал во минатото.
https://twitter.com/i/status/1721587138515411441