Ќе грмне утре сината страна на Манчестер -Му се погоди на Гвардиола, ќе слави топ-јубилеј со присуство на навивачи

Пеп Гвардиола се радува на кам-бекот на публиката на трибините во Премиерлигата, а враќањето на навивачите е таман за убава прослава на големиот јубилеј, 700. меч на Шпанецот како тренер.

Утре против Фулам од 16 часот и навивачите ќе можат да го поздрават човекот што му донесе две шампионски круни на Манчестер сити во Премиерлигата и уште шест пехари во различни конкуренции.

Гвардиола почна како тренер во Барселона Б во 2007 година и многу брзо веќе следната сезона доби шанса да биде главен на кормилото на А тимот.

За четири години со Каталонците освои три титули во Ла Лига, двапати беше европски првак со триумф во Лигата на шампионите, а нанижа уште 9 пехари.

Во 2013 година се пресели во Баерн Минхен и до 2016 година од кога е менаџер на Манчестер сити со Баварците трипати беше германски првак и освои уште четири трофеи.

Трофејниот шпански тренер минатиот месец го продолжи договорот со Манчестер сити до јуни 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести