Му требаа две години за да објасни, Лалатовиќ вели дека не гледал во градите на портпаролката

Тренерот Ненад Лалатовиќ привлекува внимание со добрите резултати, но и изјавите и однесувањето по кои го паметат, а една од најпознатите негови прес-конференции се случи во 2019 година, кога до него седеше портпаролката на Војводина, Сања „Беба“ Кнежевиќ и по медиумите се пишуваше дека Лалатовиќ зјапал во градите на атрактивната девојка.

Лалатовиќ дури сега првпат проговори за тој настан.

„Не гледав во нејзините гради, само така се толкуваше тоа во медиумите. Тоа беше мое второ претставување во Војводина, бев сконцентриран што да кажам. Таму пред Беба имаше едно парче хартија и јас гледав во хартијата. Не гледав во нејзините гради. Не сакав тогаш да ги демантирам пишувањата, но се направи ситуација до која не требаше да дојде. Таа девојка си има момче“, раскажува Лалатовиќ, кој пред неколку дена објави заминување од Војводина и најверојатно ќе биде нов тренер на белградски Рад.

- Оглас -

Најнови вести