6.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Мурињо до 94-тата минута не ни знаел дека му треба уште еден гол за да одат понатаму

Завршницата на мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид ќе се памети како една од највозбудливите и најнеобичните во историјата на Лигата на шампионите. Бенфика водеше со 3:2, а Реал се обидуваше да израмни. Во судиското надополнување, Реал доби два црвени картони и тие му беа доделени на Асенсио и Родриго.

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во 93-тата минута направи две измени кога ги извади двајцата напаѓачи, а на нивно место внесе еден дефанзивец и еден офанзивец. Дури откако ги направил измените, на Мурињо му соопштиле дека Бенфика треба да постигне уште еден гол ако сака да оди во нокаут-фазата од ЛШ.

„Кога ги направив замените со Антонио Силва и Фрањо Ивановиќ, немав поим дека 3:2 нема да биде доволно за нас. Идејата ми беше да го затворам приодот пред нашиот гол и мислев дека тоа ќе биде доволно. Потоа од клупата ми дофрлија дека ни е потребен уште еден гол. Искрено бев вознемирен и си помислив како не ми го кажаа тоа неколку секунди пред да ги направам измените“, открива Мурињо.

Бенфика во 90+8 минута доби слободен удар, а Мурињо му нареди и на голманот Трубин да оди напред. Токму голманот постигна гол за 4:2 и победа која беше потребна за Бенфика да оди во нокаут-фазата од ЛШ.

„Пред мечот, на играчите им реков дека треба да ја задржиме гордоста. Ако не се квалификуваме понатаму, барем да победиме. Ќе бев среќен и ако само победевме, а испадневме. Знаев дека Трубин може да постигне гол. Пред неколку недели губевме од Порто, а оттогаш Трубин тргна во напад и за малку ќе дадеше гол. Висок е, знам дека е способен за тоа да постигне гол. Ова е неверојатна ситуација за нашиот голман“, рече Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести