Рома загуби од Наполи со 1-2, а тренерот на Волчицата, Жозе Мурињо, смета дека резултатот требало да биде обратен и дека неговиот тим заслужил да ги освои трите бода.
„Игравме добро од почеток и чувствувавме дека е неправедно што Наполи поведе со 1-0. Задоволен сум, освен од резултатот. Некогаш фудбалот не е фер и тимот кој заслужува да победи, губи. Некогаш и ние победуваме незаслужено. Јас имам освоено осум шампионски титули и знам како е ѕвездите да бидат на твоја страна. Сезонава во Серија А, ѕвездите се со Наполи, сигурно ќе ја освојат титулата “, рече Мурињо, кој за 60-тиот роденден доби подарок од колегата Лучијано Спалети.
За крај, Мурињо даде мислење за Виктор Осимен.
„Осимен е многу силен играч, ме потсетува на Дрогба, да бев во клуб со многу пари, би го купил. Но, ако еден ден сака да игра во Англија, ќе мора да си го смени однесувањето. Дрогба не глумеше и не паѓаше кога не е фаулиран“, додаде Мурињо.