Мурињо: Каде беа Шоу, Стерлинг, Стоунс? Зошто 19-годишник да го шутира петтиот пенал?

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој долго има работено во англискиот фудбал и ги познава тамошните состојби, критикуваше за кукавичлук кај некои од поискусните фудбалери кои не шутнаа пенал во финалето на ЕВРО 2020 против Италија.

Во тимот на селекторот Герет Саутгејт, пенали не искористија Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака.

„Поставувањето на Сака да шутира во петтата решавачка серија е тешко и ризично решение. Во таков момент целата одговорност паѓа врз грбот на 19-годишен играч и нему многу му е тешко. Жал ми е за него. Каде беа Стерлинг, Стоунс, Шоу во таа ситуација? Саутгејт е чесен човек кој ги заштитува своите играчи, никогаш нема да каже дека тие биле подготвени да шутираат”, изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести