4.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Мурињо: Кога ќе дадеш таков неверојатен гол, треба да славиш на соодветен начин

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, смета дека Винисиус покажал непочитување со својата прослава. Специјалниот но меѓу редови кажа дека целата ситуација била испровоцирана од начинот на кој Бразилецот се радувал.

„Тоа требаше да биде луд момент од натпреварот, неверојатен гол. За несреќа, не е  само да дадеш таков феноменален гол. Кога ќе постигнеш таков гол, треба и да славиш на соодветен начин, со почит. Тоа му го кажав и на Винисиус, радувај се и веднаш повлечи се назад. За размената на зборови кои Винисиус ја имал со Престијани сакам да бидам неутрален, не сакам да коментирам, не им верувам ни на едниот ни на другиот. Најголемиот играч во клупската историја на Бенфика, Еузебио, беше од црна раса, клубот не е расистички“, искоментира Мурињо кој доби црвен картон и нема да седи на клупата на Бенфика на реваншот во Мадрид.

„Добив црвен картон затоа што на судијата му ја кажав вистината. Не сакаше да ја слушне вистината“, објасни Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести