Мурињо мора да му купи патики од 800 евра на тинејџерот кој синоќа ѝ донесе победа на Рома

Рома со 2:0 победи на гостувањето кај Џенова во меч на кој гостите добија неочекуван јунак. Тинејџерот од Гана, Феликс Афена Ѓан, доби шанса да заигра во 74-тата минута, а само осум минути подоцна погоди за водство на Рома.

Осумнаесетгодишниот талент погоди и по вторпат во судиското надополнување за 2:0 на Римската волчица кај тимот на којшто капитен беше Горан Пандев.

По завршување на мечот, тренерот на Рома, Жозе Мурињо, откри дека Ѓан добил посебна мотивација од португалскиот стратег. Мурињо му ветил на тинејџерот дека ќе му ги купи скапите патики што ги посакува само ако постигне гол. За неполни 20 минути на теренот, Ѓан даде не еден, туку два погодоци.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките што многу му се допаѓаат. Иако се многу скапи и чинат 800 евра, ќе му ги купам. Кога го даде голот, тој притрча и веднаш ми рече да не заборавам на ветувањето што му го дадов. Утрото прво што ќе направам е да одам да му ги купам патиките затоа што ги заслужи“, рече Мурињо веднаш по завршување на синоќешниот дуел.

Талентот од Гана во Рома пристигна на почетокот на оваа година и беше дел од јуниорскиот тим на Волчицата, а Мурињо синоќа реши да му даде шанса да заигра за првиот тим и тоа се покажа како одличен потег.

- Оглас -

Најнови вести