Мурињо: Можеме и мораме да играме подобро

Манчестер јунајтед во сабота го пречекува Њукасл на „Олд трафорд“, мечот кој може да ја одреди судбината на Жозе Мурињо. Јунајтед вчезе во непосакувана серија од четири натпревари без триумф во сите конкуренции, на последните две средби во Премиер лигата освоија само еден бод, а доколку на „Олд трафорд“ не запишат три бода против екипата која ја води Рафа Бенитер, португалскиот стратег најверојатно ќе остане без работа.

„Мечот со Њукасл е многу важен за нас. Верувам дека можеме да играме многу подобро, не само што верувам, туку мораме да играме подобро. Освоивме само еден бод од можни шест на последните два натпревари, факт кој покажува дека мора да триумфираме во сабота. Нашиот противник од различни причини исто така ќе се бори за позитивен исход, Њукасл е секогаш незгоден за топ 6 тимовите, затоа мора да одиграме на високо ниво“, истакна Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести