Мурињо направи шоу и од извинувањето до Саутгејт

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, му се извини на англискиот селектор Герет Саутгејт што пред некој ден го нарече со погрешно име Гери. Португалецот се правда дека мислел дека Гери е скратено и нагалено од Герет.

„Разговарав со Саутгејт, му се извинив и му објаснив што е работата. Кога кажав Гери, мислев дека тоа е акроним за Герет. Толку време живеам во Англија и цело време мислев дека Гери е скратено од Герет. За него имам само почит, не ми беше намерата да го потценам или навредам. Мислев дека ако го наречам Гери, ќе бидам фин кон него, ќе покажам блискост. Еве ако сака, тој може да ме вика Џон, ќе прифатам“, изјави Мурињо.

Причината зошто многумина мислат дека Мурињо намерно рекол Гери е една негова изјава во минатото, кога колегата Мануел Пелегрини и Антонио Конте ги нарече со други имиња во кои утна по една буква.

- Оглас -

Најнови вести