Мурињо објасни зошто не е пријател со Клоп

Дуелот меѓу Тотенхем и Ливерпул е меч на кој двата тима треба да покажат дека имаат шампионски амбиции и со три освоени бода да се приклучат кон врвот на табелата, каде што на чело е Манчестер сити со 41 бодови. Ливерпул заостанува седум бода зад Сити, додека Тотенхем е во минус од осум бода, но лондончани имаат и еден меч плус за доигрување.

Вечерашното дерби ќе биде и надмудрување на двајца докажани тренери. Жозе Мурињо против Јирген Клоп. Португалецот секогаш се обидува тактички да намести позиција и најважно му е неговиот тим да се одбрани, додека Клоп е познат по тоа дека сака да игра со троца напаѓачи и офанзивата е неговата прва цел.

Пред мечот, освен за тактиката и целите на Тотенхем, Мурињо мораше да објасни и зошто не го чувствува Клоп како негов пријател.

„Не сум пријател со Јирген од едноставна причина. Никогаш не сме имале време да поминеме поголем период заедно. Со него сум пет минути пред мечот и пет минути по завршување на дуелот. Кога со некого поминуваш подолг период, кога добро ја познаваш таа личност, тогаш можеш да кажеш дали тој ти е пријател или едноставно не го сакаш. Што можам да кажам за толку кратко време поминато со Јирген? Тој е мој колега и го почитувам. Знам дека и тој мене ме почитува и нема никаков проблем меѓу нас“, обајсни Мурињо за односот со Клоп.

Досега овие двајца менаџери меѓу себе се сретнале 12 пати, а Клоп е многу подобар. Германецот има шест победи против Мурињо, Жозе се радувал само двапати против Јирген, а четири средби завршиле нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести