Мурињо објасни зошто не им отпоздрави на фановите на Тотенхем

Тотенхем како гостин го победи Вест Хем со 3-2, а по завршувањето на средбата, новиот тренер на „петлите“, Жозе Мурињо, не замина заедно со играчите за да им отпоздрави на фановите кои дојдоа да го бодрат Тотенхем на ова лондонско дерби.

Мурињо даде објаснување зошто не ги поздравил навивачите на Тотенхем.

„Не сакав да им пријдам на навивачите, бидејќи мислам дека оваа победа не е моја. Целата заслуга е кај играчите, тие го добија мечот, а не јас. Им се извинувам на фановите ако се лутат. Ги почитувам многу, неколку илјади дојдоа да навиваат за нас, знам дека и тие се среќни како и ние“ – изјави контроверзниот Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести