Мурињо поднел барање да се вработи во пицерија

Познатиот ланец на пица-ресторани Pizza Hut реши да се вклучи во фудбалската приказна на денот, а тоа е отказот кој го доби Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед. Оваа позната пицерија на својот профил од социјалната мрежа „Твитер“ реши да направи добра шега. Тие се пофалија дека Мурињо бил кај нив и побарал работа.

„Здраво Манчестер јунајтед. Само што добивме CV од господинот Жозе Мурињо, кој аплицираше за работа во нашата пицерија. Ве молиме да ни пратите референца. Ви благодариме“, стои на постот на социјалната мрежа.

Пицеријата со овој потег успеа на едноставен и евтин начин да направи одлична реклама.

- Оглас -

Најнови вести