Мурињо претера по финалето во Лигата на Европа, па затоа УЕФА отвори дисциплинска постапка против Португалецот

Дисциплинската комисија на УЕФА започна постапка против тренерот на Рома, Жозе Мурињо поради критиките искажани на сметка на англискиот судија Ентони Тејлор, кој ја делеше правдата на финалето од Лигата на Европа меѓу Римската волчица и Севиља. Во мечот за титулата кој се играше во Будимпешта, Севиља победи дури по подобро изведување на пенали, откако по 120 минути игра, резултатот беше 1:1.

Мурињо е обвинет за навредување и вербален напад врз Ентони. Португалскиот стратег упати жестоки критики кон Ентони за време на прес конференцијата по финалето, а потоа Мурињо и вербално го нападнал англискиот арбитар на паркингот во подтрибинскиот простор.

Освен против Мурињо, УЕФА покренала постапка и против двата клуба во финалето и тоа поради непристојното однесување на нивните навивачи на трибините (палење и фрлање факели кон теренот).

- Оглас -

Најнови вести