Мурињо: Сакав на полувреме да ги сменам сите 11-мина, денеска за 11 часот закажав тренинг

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, даде интересна изјава по повод четирите измени кои ги направи на почетокот на второто полувреме, на синоќешното гостување кај Антверпен во рамките на Лигата на Европа. Белгискиот тим приреди изненадување и победи со 1-0, а Португалецот беше многу лут.

„Јас сакав да можам да направам 11 измени. Не ги направив сите пет измени уште на полувреме бидејќи се плашев. На паузата се обидов да ја сменам ситуацијата, но не беше доволно. Во второто полувреме реагиравме подобро, но Антверпен заслужено победи. Подобриот тим победи, полошиот загуби“, изјави Мурињо.

Ова беше неговата официјална изјава по натпреварот, а Специјалниот се јави од автобус и на „Инстаграм“ ѝ испрати нова порака.

„Лошата игра заслужува лош резултат. Се надевам дека сите кои се во автобусот се лути како што сум јас. Утре во 11 часот ќе имаме тренинг“, напиша синоќа Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести