Мурињо си најде работа, и Македонија ќе му биде во фокусот

Жозе Мурињо потпиша договор со познатиот британски бренд „Токспорт“ и ќе им биде стручен аналитичар за натпреварите од Европското првенство.

„Токспорт“ е позната радио-станица во Велика Британија и е глобален аудио партнер на англиската Премиерлига, но сега со Мурињо ќе биде во фокусот и за континенталниот шампионат што ќе се игра од 11. јуни до 11. јули.

Не е објавено колку пари ќе заработи Мурињо за новиот ангажман, прв поврзан со фудбалот по отказот што го доби во Тотенхем, месецов.

На првенството за првпат ќе игра и Македонија, а историскиот деби меч на ЕП не чека на 13. јуни со Австрија во Букурешт од 18 часот.

Потоа ќе играме со Украина на 17. јуни исто така на националната фудбалска арена во главниот романски град, а фазата по групи ќе ја завршиме со меч против Холандија на 21. јуни на „Јохан Кројф“ арена во Амстердам.

 

- Оглас -

Најнови вести