Мурињо слави огромен јубилеј и Рома едноставно мора да победи !

Прославениот португалски тренер Жозе Мурињо утре ќе прослави голем јубилеј. На дуелот на кој Рома ќе го пречека Сасуоло, Мурињо ќе го има илјадитиот меч во тренерската кариера.

Како тренер Мурињо започна во Бенфика, а потоа беше на клупите на Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем, за да ова лето дојде во Рома. Зад себе Мурињо има 999 натпревари, а утре ќе биде само 48-миот тренер кој стигнал до бројката од 1.000 натпревари.

Рекордер по бројот на мечеви како тренер е легендарниот Сер Алекс Фергусон кој бил на клупата на неверојани 2.155 средби.

 

- Оглас -

Најнови вести