Мурињо со чуден педагошки метод: Ги натера фудбалерите да се фотографираат по поразот од Наполи

Рома синоќа загуби на гостувањето во дербито од Наполи со 1:2, иако Римската волчица беше на чекор од освојување на еден бод. Наполи водеше со 1:0 по првиот дел, но гостите израмнија преку Ел Шарави.

Сепак, тимот на Жозе Мурињо не успеа до крајот да го задржи ремито и Симеоне постигна гол во 86 минута за голема радост на фановите на Наполи, тим кој е убедлив лидер во Серија А.

Португалскиот стратег беше разочаран по мечот и изјави дека фудбалот знае да биде и неправеден, затоа што Рома требало да победи. По завршување на дуелот, во соблекувалната, Мурињо ги собра сите фудбалери и направија една заедничка фотографија. Ваквите фотографии по завршување на некој важен дуел се карактеристични за екипите кои победиле, но Мурињо има свој посебен педагошки метод. Тој ја објави фотографијата на своите социјални мрежи и упати интересн порака:

„Каква екипа, каков дух, каков настап! Одиме…Се гледаме в среда на Олимпико“, напиша Мурињо покрај фотографија од соблекувалната по поразот од Наполи.

Следниот меч на Рома е против Кремонезе во Купт на Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

- Оглас -

Најнови вести