27.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Мурињо со една реченица го убедил Лукаку да потпише за Рома

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, синоќа пристигна во Рим и веќе ги мина лекарските прегледи, а денес се очекува и официјално да биде претставен во Рома. Тој доаѓа на едногодишна позајмица од Челзи, а одлучувачки фактор за ваквиот трансфер бил Жозе Мурињо, со кого заедно соработуваа кога Специјалниот беше тренер на екипата од „Стемфорд бриџ“.

Жозе Мурињо му се јавил на Лукаку и, меѓу другото, му рекол: „Имам добра екипа, само ми недостасува шампион во неа.“ Овие зборови на Португалецот биле доволни да го убедат Лукаку, кој за да потпише во Рома, прифатил и пониска плата, па така наместо 12 милиони евра, колку што му е договорот со Челзи, ќе добие 7,5 милиони евра годишно.

Рома на Челзи ќе му плати 5 милиони евра за едногодишната позајмица на Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести