Мурињо со уникатно објаснување зошто Тотенхем не даде гол против Лајпциг: Одиш во борба со пиштол без куршуми

Тотенхем тешко дека ќе може да ја повтори ланската сезона во Лигата на шампионите кога тимот од Лондон стигна до финалето во елитното натпреварување на УЕФА. Уште во првиот меч од нокаут-фазата, и тоа на свој терен, Тотенхем се сопна од Лајпциг и загуби со 1:0. Сега ќе биде многу тешко во реваншот во Германија да се надополни негативата, иако како што вели Мурињо, тоа е пораз само од 1:0, а не од 10:0 и сите опции се во игра.

Португалскиот стратег беше задоволен од играта на своите фудбалери, а за тоа што не постигнаа гол, посочи на фактот дека играле без главните фудбалери во нападот, Кејн и Сон, кои се повредени.

„Не можевме да одиграме подобро од ова. Тешко е да се влезе во борба со пиштол без куршуми, но успеавме. Тоа што ми дава самодоверба се духот и менталитетот на овој тим. Ова е фантастична група играчи“, рече Мурињо, кој ќе треба да смисли начин како да даде најмалку еден гол на реваншот во Лајпциг ако сака да се обиде Тотенхем да го доведе до четвртфиналето од ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести