Мурињо со важна порака до Меси

Некогашниот тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека Лионел Меси е главниот фаворит за освојување на наградата „Златна топка“ за оваа сезона. Според Мурињо, на Меси му одговара тоа што Кристијано Роналдо со Јувентус испадна од Лигата на шампиони и веќе нема ривал кој може да го сопре во освојувањето на рекордната шеста „Златна топка“.

„Меси има феноменална сезона, а сега со елиминацијата на Кристијано Роналдо од Лигата на шампиони, јасно е дека Аргентинецот го очекува нова Златна топка. Кога Меси ќе ја земе топката во свои нозе и тргне напред, тогаш си мртов. Нема начин како да го сопреш. Најдобриот начин да го сопреш е да играш како колектив и да изградиш „клетка“ против него за да го контролираш. Сепак, таа клетка е многу тешко да се создаде“, вели Мурињо.

Португалскиот стратег додека беше тренер на Реал Мадрид постојано имаше многу маки да создаде игра во која ќе го неутрализира Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести