Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, ќе го носи дресот со легендарниот број „10“ по завршувањето на Светското клупско првенство, потврдија од клубот.
Дотогаш, креативниот офанзивец ќе остане со актуелниот број „42“, бидејќи правилникот на ФИФА не дозволува промени во броевите на дресовите за време на тековен турнир.
Претходен сопственик на „десетката“ беше Лирој Сане, кој неодамна го напушти клубот и се пресели во Галатасарај, со што бројот остана слободен за новиот лидер на тимот.
Мусијала, кој важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа, со ова добива уште еден симбол на довербата од Баерн, бројот што традиционално го носат креаторите на играта и големите имиња на клубот.