Легендарниот марокански фудбалер Мустафа Хаџи, кој играше и за шпански клубови како Депортиво Ла Коруња (1997-1999) и Еспањол (2004), изјави дека е штета што Ламин Јамал не избра да игра за селекцијата на Мароко.
„Иако Ламин игра за Шпанија, наклонетоста што ќе ја добие од Шпанците никогаш нема да биде иста како онаа што би ја добил од Мароканците“, смета 54-годишниот Хаџи.
„Би сакал тој да играше за Мароко. Јамал секогаш ќе биде Мароканец, иако игра за Шпанија. Тажно е затоа што, како што неодамна прочитав во еден шпански весник, некои новинари рекоа: Го имаме Педри, го сакаме Педри, го сакаме Јамал, но не го сакаме толку колку што го сакаме Педри. Тоа значи дека е лош избор“, рече Хаџи, кој одигра 63 натпревари за Мароко.
Јамал, чии родители се од Мароко, во август 2023 година одлучи да игра за Шпанија и со Црвената фурија стана европски првак.

