МВП Јанис како еклипса, со „50-ка“ ги уништи Сонцата, Милвоки седна на НБА-тронот по пола век! (видео)

Милвоки бакс се новите шампиони на НБА по победата од 105:98 над Феникс во шестиот меч од финалната серија за конечни 4-2 и втора титула во историјата на франшизата од Висконсин, прва по 50 години пауза.

Како еклипса над Сонцата, Јанис Адетокумбо приреди партија за аналите со неверојатни 50 поени, 14 скока и 5 блокади, „грчката ѕверка“ издоминира во мечот и сосема заслужено беше прогласен за МВП во финалето.

Феникс имаше свои моменти во мечот со кои можеше да остане во битка за титулата, меѓутоа тимот од Аризона делуваше како да нема сили да изнуди мајсторка. Не се најде решение како да се спречи разиграниот Адетокумбо и неговата маестрална партија, па резултатот беше егал по три четвртини и се остави простор за секакво сценарио, Бакси имаа челични нерви да држат минимална предност до крај.

Покрај 50-те поени на Јанис, Мидтлон и Портис имаа свој придонес со 17, односно 16 поени за победата, додека Крис Пол беше најсрасположен на другата страна со 26 поени, но се очекуваше повеќе од одличниот Букер, кој застана на 19 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=08UBCMsYJIQ

- Оглас -

Најнови вести