МВП Јокиќ не можеше сам, Феникс пак го преслуша Денвер (видео)

Феникс санс поведе со 2-0 во полуфиналната серија против Денвер по убедливата победа ноќеска од 123:98. Новопрогласениот МВП, Никола Јокиќ, не можеше сам да им парира на Сонцињата кои доминираа во средбата од самиот почеток, па неговиот дабл-дабл учинок од 24 поени и 13 скока надополнет со 6 асистенции, никако не беше доволен за тимот од Колорадо да издвои нешто од овој меч.

Првите поени на мечот ги постигнаа гостите, по што резултатот потполно падна под контрола на Феникс, па во еден момент домаќините имаа и највисоки +31 поен предност.

Целата прва петорка на Феникс беше двоцифрена, со Букер како најефикасен при 18 поени и 10 скока, додека без грешка одигра Крис Пол при 17 поени и 15 асистенции и ниту една загубена топка.

- Оглас -

Најнови вести