МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, кои ги држат првите две места на табелата во македонската кошаркарска прва лига, вечерва извојуваа победи како загревање пред настапите во АБА 2 лигата, кои ќе ги имаат наскоро.
Металците за кои не играше Дамјан Стојановски, го совладаа Кожув со 79-65. МЗТ првата четвртина ја доби со 15 поени разлика и најави дека нема да дозволи изненадување, а гевгелискиот тим даде отпор колку што можеше и имаше петмина поединци со двоцифрен број поени.
Битолчани дојдоа до четвртата победа по ред, а гостиварци имаат четири порази едноподруго откако вечерва во „Боро Чурлески“ домашните победија со 89-88. Андреј Магдевски од слободно фрлање на 2,1 секунда до крајот го постигна победничкиот кош. Пелистер имаше убедливо водство во првото полувреме, но Гостивар беше ефикасен во вториот дел и внесе неизвесност во финишот, во кој сепак Пелистер беше поумешен.