Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот гостуваат кај Сплит во дуел од втората АБА-лига, а македонскиот првак го чека тешка задача против екипа која на свој терен игра многу добро.
Сплит дома има само еден пораз и седум победи, па затоа и квотите го фаворизираат домашниот тим. Победа на Сплит е со квота 1.68, а двојка на МЗТ е 2.35. Ако верувате дека МЗТ може да го повтори резултатот од ланскиот 24-ти јануари, кога во Сплит славеше со 78-76, тогаш може да имате убава заработка.
Во првиот дел од сезоната, во Скопје, МЗТ ги победи Сплит со 70-64. Дамјан Стојановски даде 24 поени. МЗТ е втор на табелата во АБА 2 лигата со биланс 12-4, а Сплит е петти со 8-8.
„Пред сезоната, Сплит беше мој фаворит во борбата за највисок пласман, има квалитетен и талентиран состав, неодамна ја победи Цибона. Знаеме дека нив победата им треба во борбата за плејофот и ќе сторат сè за да нè победат. Ние во Хрватска не отидовме со бело знаме, напротив. Ако резултатот биде во егал до крај и го исконтролираме скокот, имаме добри шанси за триумф“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов, чиј тим викендов загуби од Гостивар во македонското првенство.