МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1-0 во четвртфиналната серија против Гостивар во домашното кошаркарско првенство, по победата од 87-68.
МЗТ имаше 20 скока повеќе, двојно повеќе асистенции, па и тие статистички показатели потврдуваат за доминацијата.
Металците веднаш најавија дека се решени да не му дадат шанса на противникот, првата четвртина ја добија со 25-10. Гостиварци се закануваа повремено, но МЗТ одговараше со серија поени, па во третата четвртина се влезе со плус 23 разлика за домашните и победникот беше одлучен, последниот квартал беше формалност.
Инаку, четвртфиналето се игра во три добиени, а и вториот меч се игра во „Јане Сандански“.