МЗТ не дозволи изненадување против Гостивар, Работнички слави во Куманово

МЗТ Скопје се избори за победа против Гостивар со конечни 97:81,во рамките од 4. коло од Првата македонска лига. „Аеродромци“ во последната четвртина спречија изненадување, иако гостите водеа во поголемиот дел од средбата, па на крајот триумфот се покажа како лесно остварен.

Гостивар го освои воведниот период со 25:17, откако на стартот направија серија од 9-1. Со шутот за три поени, нивното главно оржује, и на паузата заминаа со предност од само еден поени (48:47), и покрај тоа што МЗТ одигра многу подобро и ја освои четвртината.

На почетокот од второто полувреме МЗТ за прв пат стигна до предност на средбата, и полека ја преземаше иницијативата. Беше неизвесно се до стартот на одлучувачката четвртина, а потоа „аеродромци“ направија импресивна серија од 14-1, и така го најавија пресвртот и големата победа.

Медфорд постигна најмногу поени од петмината двоцифрени играчи на МЗТ, заврши со 18, а имаше и три украдени топки. Стојановски постигна едене помалку од својот соиграч. Фурстингер беше најсветлата точка кај гостиварци, со 21 поени, по 17 постигнаа Димчевски и Тасовски.

Работнички останува максимален и по гостувањето кај незгодниот тим на Куманово, откако триумфираа со конечни 82:70, и по четири натпревари избраниците на Марин Докузовски имаат четири победи. Домаќините беа рамноправни на екипата од „Градски парк“ се до последниот период, а потоа Работнички додаде гас и за неколку минути изгради двоцифрена, недостижна предност.

Кире Николовски беше најрасположен во составот на Работнички со 18 поени, 12 додаде Мираковски. Во тимот на Куманово, Петровски заврши со 16 поени, Мекиќ со 13.

 

 

- Оглас -

Најнови вести