МЗТ нема право на грешка, и според обложувалниците е огромен фаворит

Време е кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром да ја прекинат црната серија од три порази по ред во АБА 2 лигата и вечерва на свој терен од 20 часот против белградскиот Динамик да дојдат до победа која ќе значи сигурен пласман во плејофот, на две кола до крајот на регуларната сезона. Првото место е недостижно, но втората позиција носи домашна предност во полуфиналето и затоа важно е МЗТ да триумфира.

Ова е прв од двата тешки натпревари за Штрковите за три дена. Во недела го пречекуваат Работнички во мегадербито на македонската прва лига, но олеснителна околност е што нема да патуваат, туку двата меча ги играат во „Јане Сандански“. Тренерот Ѓорѓи Кочов има прилика да му даде шанса да дебитира на новиот крилен центар Олуџоби и да се види колку е воигран турскиот центар Атар. Си заминаа Морнар и Радуловиќ.

МЗТ е фаворит, има скор 12-7, а Динамик е на 7-12. Есеноска во Белград, МЗТ победи со 92-82.

„Паузата дојде во лош момент за нас бидејќи имавме многу репрезентативци, па две недели трениравме само со странците. Сигурен сум во максималното залагање на сите во тимот, мечот е многу важен бидејќи со победа ќе направиме огромен исчекор кон плејофот, со што ќе ја оствариме примарната цел. Се надевам на поддршка од трибините“, вели Кочов.

- Оглас -

Најнови вести