МЗТ немаше проблем со Гостивар, Металците одат на ТФТ во полуфинале

Со победа од 96-70 на гостувањето кај Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром со чисти 3-0 се пласираше во полуфиналето на плејофот во македонското кошаркарско првенство.

Во полуфиналето, МЗТ ќе се сретне со ТФТ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Работнички и Пелистер.

Вечерва во салата „Младост“ во Гостивар, домашните како однапред да беа предадени, лошо го отворија мечот, МЗТ ја доби првата четвртина со 26-10, и се виде дека нема да има четврти меч во оваа серија.

Сега МЗТ в среда го чека големо искушение, прв полуфинален меч против Спартак Суботица од АБА 2 лигата. Српскиот тим беше најдобар во регуларниот дел од сезоната, а и го победи МЗТ во единствениот нивен меѓусебен дуел.

- Оглас -

Најнови вести