МЗТ се раздели со двајца странци кои не ги оправдаа очекувањата

Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром откако потпишаа спогодбено раскинување на договорите со клубот кој ја претставува Македонија во АБА 2 лигата.

Морнар од почетокот на сезоната беше во МЗТ, одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поен и 2,7 скока, додека Радуловиќ дојде малку подоцна и настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и новиот Американец Феми Олуџоби.

МЗТ Скопје в четврток игра дома со Динамик и ако победи, ќе обезбеди место во плејофот во втората јадранска лига. Сега тимот има пет странци (Хиндс, Милошевиќ, Херис, Олуџоби и Атар), а во домашните натпреварувања на еден меч смеат да играат четворица.

- Оглас -

Најнови вести