МЗТ Скопје Аеродром и Работнички во дерби за врвот на табелата

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички вечерва ќе водат нова битка во вечното скопско кошаркарско дерби. Ова ќе биде меч од петтото коло во Суперлигата. Аеродромци се лидери со 21 победа и три порази во досегашниот дел од првенството, додека Работнички е веднаш зад нив со една победа помалку.

Домаќините се под притисок дека мора да победат, посебно што навивачите на претходниот дуел против Гостивар им порачаа дека не смее веќе да се прават грешки. МЗТ ги загуби сите важни битки досега во сезоната. Не успеа да го одбрани трофејот во Купот на Македонија откако во полуфиналето беше елиминиран токму од Работнички. „Металците“ испуштија и две шанси да се вратат во АБА-лигата. Најпрво со чисти 3-0 во победи беа поразени од Приморска, а потоа во битката со Задар македонскиот тим пропушти две меч-топки, па на крајот Хрватите се изборија за опстанок во елитното регионално натпреварување.

Работнички веќе освои еден трофеј сезонава, тој во Купот, па сега избраниците на Марин Докузовски може да бидат порелаксирани. Сепак, ако сакаат да останат во трка за првото место на табелата, кое ќе носи предност во плејофот, ќе мора да бркаат триумф вечерва во „Јане Сандански“.

Ова ќе биде 145-то градско дерби, а Работнички е многу поуспешен и има 88 победи, додека МЗТ Скопје се радувал на 56 триумфи. Sport Life обложувалниците ви мудат можност да го погодите победникот, а фаворитската улога ја има МЗТ.

Во вториот меч од Суперлигата, кој се игра денеска, Гостивар е фаворит против Кожуф. Победа на домаќините во Sport Life е со коефициент 1.25, а изненадување со коефициент 4.25 ќе биде ако победат гостите од Гевгелија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести