МЗТ Скопје Аеродром „ВОСКРЕСНА“ против Цибона, утревечер треба да се комплетира чудото

МЗТ Скопје Аеродром ја победи Цибона со 87:74 во меч од последното коло на АБА лига. Со оваа победа македонскиот првак ги задржа шансите дека може да остане во елитниот дел на регионалното натпреварување. Моментално аеродромци избегаа од дното и да не се вратат на крајот на фенерџиската позиција потребно е утревечер Борац Чачак да загуби на гостувањето кај Будуќност.

Феноменална беше атмосферата во „Јане Сандански“, а МЗТ на неверојатен начин стигна до победата. Гостите започнаа добро и брзо поведоа со 11:5, за МЗТ со низа од 6:0 прв пат поведе со 12:11. Потоа екипите наизменично се менуваа во водство, а Цибона водеше со 21:19 по првите 10 минути.

Во втората четвртина беше 36:38, кога Цибона заигра многу подобро во нападот, па гостите со серија тројки на полувреме стигна до највисока предност од 53:41.

ЧЕТВРТИНА ЗА ПАМТЕЊЕ И ИСТОРИЈА!

Третата четвртина е историска за МЗТ Скопје Аердром. Кошаркарите на македонскиот првак заиграа неверојатно добро и со низа од 13:0, поведоа со 54:53. Аеродромци продолжија во ист ритам, па третата четвртина на крајот ја доби со убедливи 30:5 и во пресрет на решавачката четвртина водеше со 71:58.

На почетокот на последниот квартал, МЗТ стигна и до највисокото водство од 75:58. Со сигурна игра оваа предност од 17 разлика беше сочувана до три минути пред крајот кога беше 83:66 и тоа беше знак дека може да почне славјето во „“Јане Сандански“, каде имаше повеќе од 2.500 гледачи.

Кај МЗТ најефикасни беа Кефи со19 поени, Бурсаќ со 17 поени, Кук 15 и Војдан Стојановски со 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести