МЗТ Скопје фаворит како никогаш досега во АБА

МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот во салата „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Нови Пазар во меч од 10-тото коло на регионалната АБА 2 лига. Македонскиот првак е апсолутен фаворит за победа, а тоа го покажува и коефициентот во Sport Life обложувалниците. И покрај ваквата фаворитска улога, тренерот на аеродромци, Ѓорѓи Кочов, е претпазлив потенцирајќи дека гостите играат многу ефикасно во нападот.

„На гости ни доаѓа искусен противник, кој на последните пет средби постигнува 90 и повеќе поени. Клуч на нашата евентуална победа сигурно ќе биде колку добро одиграме во одбраната. Мислам дека добро ги спремивме кошаркарите за оваа пресметка и со максимална ангажираност и со помош од трибините се надевам на позитивен исход“, вели Кочов пред мечот.

МЗТ на свој терен сезонава е перфектен во АБА-лигата и има пет победи во пет меча. Нови Пазар на гостувањата е со пет порази и само една победа, па сѐ освен „единица“ ќе биде големо изненадување.

- Оглас -

Најнови вести