МЗТ Скопје го купи досегашниот центар на Работнички!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Крстевски (30 год, 206 см) е новото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска и официјално потпиша двегодишен договор со нашиот првак.

Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично се снаоѓа и на позицијата „пет“, од кого се очекува да биде еден од факторите за добра игра на МЗТ и тоа под двата коша. Крстевски веќе има две шампионски титули за себе (со Работнички во 2009 и 2018 година) и може да биде од голема помош во обидот на МЗТ да го одбрани пехарот од минатата сезона.

Центарот кариерата ја почна во Работнички, по што има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув, а во периодот од 2012 до 2015 година настапуваше за грчката Кавала.

МЗТ го привлече и Кристијан Николов, претходно нови договори со МЗТ Скопје Аеродром потпишаа Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, додека обврски од минатата сезона имаат Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.

- Оглас -

Најнови вести