МЗТ Скопје годината ја почна со победа по две продолженија

МЗТ Скопје Аеродром по голема борба и две продолженија славеше на гостувањето во Словенија кај Рогашка со 90-83 во втората АБА лига. Македонскиот првак се спаси од пораз во регуларниот дел и првото продолжение кога противникот имаше напад за победа, а потоа во вториот екстра период МЗТ го контролираше резултатот и извојува вредна победа против тим од горниот дел на табелата.

Ѓорѓе Милошевиќ со 30 поени и 11 скока беше најрасположен кај МЗТ и има реална шанса да биде МВП на колото.

Дамјан Стојановски даде 13 поени, Хиндс 11, а Херис 10. МЗТ во минатата сезона загуби во Рогашка Слатина, но сезонава двапати беше подобар од Словенците и цврсто го држи второто место со една победа помалку од Борац Чачак. Во следното коло на 9 јануари МЗТ гостува токму кај Борац, во супердебито на АБА 2.

 

- Оглас -

Најнови вести