Екипата на МЗТ Скопје по победата од 80:73 над Бораџ Бања Лука ќе влезе во плеј-офот од АБА 2 лигата како првопласиран тим.
Покрај тоа што има уште еден натпревар до крајот на сезоната на последниот турнир кој се игра во Широки Брег, нашиот тим на истиот против Златибор Чајетина кој се игра за два дена, може да игра без резултатски притисок.
Со победата над дирекниот ривал за првото место, нашиот тим си обезбеди уште поповолна позиција за завршниолт турнир кој што ќе започне кон крајот на идниот месец, а ќе се игра во „Јане Сандански“ во Аеродром.
До победата, МЗТ дојде благодарение на фантастичната последна четвртина која што ја доби со 25:8, откако во првите три делници беше во константна негатива.
Со овој триумф, нашиот тим сега има 22 бода, еден повеќе од вечерашниот ривал и од екипата на Хелиос Домжале, но и подобар меѓусебен скор.
Војдан Стојановски со 25 поени беше лидерот на „металците“ во новиот успех, додека зад него следуваше Хрватот Роберт Рикиќ кој уфрли 17. Како што пишавме погоре, последниот меч против Златибор Чајетина ќе биде чиста формалност.