МЗТ Скопје ќе игра во АБА-лига што ќе биде осакатена – Хрватските клубови го напуштаат јадранското друштво?

МЗТ Скопје се врати во АБА-лигата, но по сè изгледа ќе игра во поинаков формат од идната сезона, без хрватските клубови.

Најавено е дека тие ќе ја напуштат Јадранската лига и нема да настапуваат веќе од следниот циклус и дека ќе се префрлат во ново регионално натпреварување.

Во АБА-лигата во тек е завршницата и во битката за титулата нема ниеден хрватски тим, а за пехарот ќе одлучуваат Црвена ѕвезда, Партизан, Олимија Цедевита и Будуќност.

Цибона, Задар и Сплит беа далеку од плејофот, а од идната сезона е најавено и дека ќе бидат далеку од јадранското друштво во АБА-лигата и дека ќе учествуваат во нов проект.

Се работи за Алпе Адрија купот во кој покрај хрватските клубови, ќе играат и екипи од Австрија, Чешка, Полска, Словенија и Словачка, а е под капата на ФИБА.

Тоа би значело дека хрватските клубови ќе немаат шанса да се борат за место во Евролигата, која е проект на УЛЕБ.

- Оглас -

Најнови вести