МЗТ Скопје стигна до тринаесетката во АБА 2 лигата

МЗТ Скопје ја забележа тринаесеттата победа во АБА 2 лигата, а вечерва во Аеродром падна и Вршац. Домаќините славеа со 78:69, а клучна за успехот беше втората четвртина, која кошаркарите на МЗТ Скопје ја добија со 22:12. Со тоа имаа предност од 12 поени на полувремето, 41:29.

Во третиот период гостите од Србија се заканија ,намалија само на четири поени разлика пред стартот на последниот период, но повторно се разиграа домаќините и го одбија мечот.

Прв стрелец кај МЗТ беше повратникот во тимот Предраг Самарџиски со 17 поени, а зад него е Џејмс Вудард со 13 поени. Кај Вршац, Страхиња Јовановиќ беше најефикасен со 15 поени.

МЗТ е на втората позиција со 13 победи и пет порази.

- Оглас -

Најнови вести