МЗТ снема душа во финишот против лидерот на АБА 2 лигата

Два порази и една победа е учинокот на МЗТ Скопје Аеродром на вториот турнир од АБА 2 лигата, кој се играше во Бања Лука, а вечерва седумкратниот македонски првак загуби од Студентски центар со 92-75. Црногорскиот тим е лидер на табелата и не знае за пораз по седум одиграни натпревари.

Штрковите од Аеродром лошо почнаа, потоа фатија ритам, но во последната четвртина беа немоќни. Гравет со 21 поен беше прв стрелец кај МЗТ, Бојиќ даде 13, а Стојановски и Олуџоби по 12. МЗТ имаше 21 загубена топка, десет повеќе од противникот.

Во наредното коло, на следниот трет турнир, ќе гледаме дерби помеѓу МЗТ и Работнички. Центарци не играа во Бања Лука поради неможност да состават екипа бидејќи имаат неколку заразени играчи со корона-вирус и добија три службени порази. МЗТ е седми (во плејоф ќе играат осумте најдобри) со 4-3, а Работнички е претпоследен со 2-5.

- Оглас -

Најнови вести