7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

МЗТ со 100-ка се загреа за дербито со Работнички

МЗТ Скопје Аеродром на убедлив начин го совлада Кожув со 101-79 и така Металците испратија порака дека се спремни за големото дерби против Работнички кое треба да се игра следниот викенд во реновираниот „Градски парк“.

Штрковите вечерва беа без Смит-Мекјуен, но и така дадоа 101 поен, а дебаклот беше Кожув можеше да биде и потежок. Сепак во последната четвртина која ја добија гевгеличани со 26-14, домашните го намалија гасот и му дозволија на гостинот колку-толку да го ублажи поразот.

МЗТ нема ниту еден пораз на терен, но втор е на табелата зад ТФТ, поради службениот пораз од најслабиот тим во лигата, Ангели.

- Оглас -

Најнови вести