На 14 години си го истетовира логото на ЛШ за да го бакне кога ќе постигне гол, синоќа му се оствари сонот!

Џовани Симеоне од дете имаше сон да заигра во Лигата на шампионите, и кога ќе постигне гол, да ја бакне тетоважата со логото на ЛШ која си ја направил кога имал само 14 години. Синоќа му се исполни желбата.

„Татко ми не сакаше да се истетовирам, но бев опседнат до тоа и ја направив. Идејата ми беше еден ден да заиграм во ЛШ, и кога ќе дадам гол, да ја бакнам тетоважата“ – објасни неодамна 27-годишниот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Џовани синоќа во дресот на Наполи дебитираше во ЛШ, и само три минути по влегувањето во игра, постигна против Ливерпуп, па радоста и емоциите беа огромни. Задачата која си ја даде како 14-годишник, ја заврши 13 години подоцна.

- Оглас -

Најнови вести