На Адеми му беа потребни 24 секунди од почеток на мечот за да даде гол

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми на најдобар можен начин го отвори дербито од хрватското првенство меѓу Динамо и Ријека. Капитенот на Динамо погоди по само 24 секунди, откако одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите за голема радост на домашните фанови на стадионот „Максимир“ во Загреб.

Доколку Динамо ја задржи предноста до крајот, тоа ќе значи дека Модрите на врвот на табелата ќе имаат 59 бодови, додека Ријека засега има 41 бодови и е на третото место во хрватското првенство.

- Оглас -

Најнови вести