На Ајнтрахт му се погодија засилувањата, Берлин падна по головите на Дост и на Силва

Ајнтрахт Франкфурт го доби премиерниот меч од шестото коло во Бундеслигата, а Берлин го урнаа новите играчи на популарните „орли“, Бас Дост и Андре Силва.

И двајцата дојдоа летово во Ајнтрахт, Дост од Спортинг, а Силва од Севилја, но како позајмен играч од Милан и се запиша во листата на стрелците за победа од 2:1.

Холанѓанецот погоди во 48. минута и му донесе предност на гостинот, а Португалецот Силва ја „дуплираше“ предноста на Ајнтрахт со погодок во 62. минута.

Почесниот гол за Унион Берлин го даде Ујах во самиот финиш, но веќе беше доцна за спас и за освојување на еден бод. Унион е нов прволигаш и стартот е скромен со само 4 бода по шест кола.

Ајнтрахт има 10 бодови во групата на шест екипи со ист учинок, но има меч повеќе од Борусија Дортмунд, Фрајбург, Шалке, Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен, сите со по 10 бода.

- Оглас -

Најнови вести